Активности



Среда, 28 март 2012 година

Хрватска со континуирана поддршка на Македонија

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, г. Фијат Цаноски, денеска оствари средба со г. Борис Шпрем, претседател на Хрватскиот сабор.

На средбата, од македонска страна, присуствуваа пратениците: г-ѓа Благородна Дулиќ, г. Кенан Хасипи, г. Љубисав Иванов-Ѕинго, г. Талат Џафери, г-ѓа Весна Бендевска и г. Влатко Ѓорчев.

Претседателот, г. Фијат Цаноски, им посака добредојде на гостите и посочи дека оваа средба ја гледа како пријателска и можност за размена на искуства помеѓу двете земји во повеќе сфери, посебно во делот на ЕУ интеграциите.

Господин Цаноски ѝ се заблагодари на Хрватска за континуираната поддршка  која што ѝ ја дава на Македонија на патот кон НАТО и која ќе продолжи понатаму, во пресрет на претстојниот самит во Чикаго. 

Присутните се согласија дека помеѓу овие две земји нема отворени прашања, односите се пријателски и треба само да се надградуваат, а ги поврзува една заедничката историја на Балканот.

На средбата беше посочено дека во иднина соработката треба да биде продлабочена и насочена во поглед на културните и бизнис релациите, да се искористат искуствата од Хрватска во поглед на туризмот, земјоделието, инфраструктурата и градежништво.

Click