Активности



Понеделник, 1 октомври 2012 година
 
Избрана нова координаторка на Клубот на пратенички
 
Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија денеска одржа состанок со следниот дневен ред:

1. Усвојување на извештај за едногодишното работење на Клубот на пратенички;

2. Избор на координаторка на Клубот на пратенички за следниот едногодишен период. 

Координаторката Соња Мираковска ги запозна пратеничките со Извештајот за работата на клубот во период од 1 октомври 2011 - 31 септември 2012 година, при што се разви дискусија.

Координаторката Мираковска кратко се осврна на текот на 2012 година при што потсети кои настани се случиле во организација на клубот.

Таа, исто така, истакна дека е пожелно пратеничките во работата на клубот да го остават на страна партиското дејствување.

Едногодишниот извештајот на клубот беше едногласно усвоен.

За координаторка во следниот едногодишен период беше избрана пратеничката Лилјана Кузмановска.


Извештај за работата на Клубот на пратенички во периодот 1 октомври 2011 – 31 септември 2012 година

Click