Активности

Среда, 13 јуни 2012 година

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, во соработка Националниот совет за родова рамноправност – НСРР, вчера одржа јавна расправа на тема „Улогата на жените во руралниот развој на Република Македонија – можности и предизвици."

Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на јавната расправа присуствуваа пратеници на Собранието на Република Македонија,  претставници на институции и невладини организации.

Расправата ја отвори претседателот на Комисијата, г-ѓа Лилјана Поповска, по што свои излагања имаа: г-ѓа Лидија Митева, претставник на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија;  г-ѓа Савка Тодоровска, претседател на Националниот совет за родова рамноправност – НСРР; г-ѓа Мери Ен Рукавина-Ципетиќ, извршен директор на регионалната канцеларија за родова еднаквост на ГТФ-Загреб и г. Петар Ѓоргиевски, претседател на Мрежата за рурален развој на Република Македонија.

По исцрпната дискусија во која се вклучија пратеници и претставници на невладиниот сектор беше донесен следниот заклучок:

1. Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ги поздравува мерките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во насока на поддршка на жените во руралните средини преку субвенционирање активности за производство на храна и други земјоделски производи, изработка на традиционални производи, како и други деловни производи;

2. Комисијата изразува задоволство од поврзувањето и вмрежувањето на жените фармери во насока на јакнење на улогата на жената во руралниот развој;

3. КЕМ изразува задоволство поради формирањето на Мрежата за рурален развој и нејзината улога во креирањето на ЛИДЕР-пристапот;

4. КЕМ ги поздравува активностите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за изработка на стратегија за ЛИДЕР-програмата и правилниците за нејзина примена, истовремено поттикнувајќи ја Владата да ја усвои Стратегијата за ЛИДЕР-програмата во што е можно покус рок, по претходна јавна расправа;

5. КЕМ, констатирајќи дека на жените во руралните средини им е неопходна многу поголема институционална поддршка, ја поттикнува Владата и ЗЕЛС да обезбедат средства за подобрување на инфраструктурата и другите можности во руралните средини во поглед на изградба на градинки, здравствени објекти, продавници и други деловни објекти потребни во секојдневното живеење, како и објекти за спортски и културни активности.

6. КЕМ ги поттикнува Владата и ЗЕЛС да ги вклучат сите институции и ресурси во насока на одржлив рурален развој, следејќи ги современите европски текови и користејќи ги нивните фондови за оваа намена;

7. КЕМ се обврзува во следниот период активно да се вклучи во сите активности за економско јакнење на жените во Македонија на национално и локално ниво, имајќи ги предвид сите аспекти и во урбаните и во руралните подрачја, во насока на рамномерен регионален развој на земјата. Во оваа смисла, КЕМ изразува подготвеност да учествува во работата на Мрежата за рурален развој на жените од Југоисточна Европа, со активно учество во Меѓународната регионална конференција што треба да се одржи есента 2012 година во Скопје;

8. КЕМ се обврзува да ги запознае локалните комисии за еднакви можности на жените и мажите со можностите за вклучување во активностите на Мрежата за рурален развој и ЛИДЕР–пристапот, преку формирање на т.н. ЛАГ-ови (локални акциони групи), во насока на рамноправно вклучување на жените во руралниот развој;

9. КЕМ ги поттикнува невладините организации на активности за вклучување на жените во руралниот развој, преку координирана соработка со институциите на локално и национално ниво;

10. КЕМ инсистира на изработка на сериозни и објективни анализи за состојбите и потребите на руралното население, со цел подобрување на животот во руралните средини во Македонија.
Click