Активности



Среда, 26 септември 2012 година

Јавна расправа на тема:  „Национален акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН“ (нацрт-верзија)

Комисијата за еднакви можности на жените  и мажите на Собранието на Република Македонија  одржа јавна расправа на тема: „Национален акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН“ (нацрт-верзија).

Покрај членовите и замениците членови на комисијата на јавната расправа присуствуваа пратеници на Собранието на Република Македонија, претставници на институциите, локалните комисии за еднакви можности на жените и мажите,  меѓународните организации и невладините организации.

Расправата ја отвори претседателот на комисијата, г-ѓа Лилјана Поповска по што свои излагања имаа: г. Ибрахим Ибрахими, заменик-министер за труд и социјална политика на Република Македонија,  г-ѓа Елена Грозданова, државна советничка за еднакви можности, Министерство за труд и социјална политика,  г-ѓа Доминика Стојаноска, раководителка на канцеларија, Un Women, Скопје. Националниот акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН (нацрт-верзија) го презентираше проф. д-р Лидија Георгиева, координатор на работната група за подготовка на Националниот акциски план.

Во дискусијата присутните беа информирани за единствената жена учесник во мировна мисија, г-ѓа Јулијана Трајковиќ, од Министерството за внатрешни работи која со присутните го сподели своето искуство.

На јавната расправа беше донесен следниот Заклучок:

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите го поддржа носењето на „Националениот акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН“ (нацрт-верзија) со следните сугестии до работната група:

  • во работата на интерресорската работна група да учествува член од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија;
  • поголема медијациска улога на жените во превенцијата и менаџирањето на конфликтите во земјата и регионот.
Click