Активности



Понеделник, 2 јули 2012 година

Кипар – нов претседавач со ЕУ

Од 1 јули, Република Кипар, преземајќи ја улогата на Кралството Данска, го започна своето шестмесечно претседавање со Европската унија, за кое време ќе се фокусира на оставање подобра Европа на младите генерации.

Приоритети на Кипарското претседателство се:

  1. Европа, поефикасна и одржлива;
  2. Европа со подобро функционирање и развој на економијата;
  3. Европа, порелевантна за нејзините граѓани, со солидарност и социјална кохезија;
  4. Европа во светот, блиска со своите соседи.

На 4 јули претседателот на Република Кипар, г. Деметрис Кристофијас, ќе ја презентира програмата на Кипарското претседателство, во рамките на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Инаку, кипарското претседавање со ЕУ се совпаѓа со финансиската криза во Европа, чија жртва е и самиот Кипар, кој неодамна побара помош од партнерите во еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд за рекапитализација на банкарскиот сектор. Дополнителен проблем се и несогласувањата со Република Турција, која најави бојкот на сите министерски совети со кои ќе претседава Кипар.

 

Click