Активности

Понеделник, 17 септември 2012 година
 
Конференција За Демократија и родова еднаквост
 
На 14 септември 2012 година (петок), во пресрет на Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември, Клубот на жени пратенички, Македонското женско лоби, ЖГИ АНТИКО и Националниот совет за родова рамноправност СОЖМ одржа конференција на тема „Демократијата и родовата еднаквост”. Конференцијата беше организирана со поддршка од Обиденитетите нации, Националниот демократски институт, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Фондацијата „Фридрих Еберт“ .

Со свое излагање Конференцијата ја отвори претседателот на Собранието на Република г. Трајко Велјаноски, по што свои излагања имаа г-ѓа Соња Мираковска, координаторка на Клубот на пратенички која воедно беше и модератор на настанот, г-ѓа Диадре Бојд, резидентен координатор на Обединетите нации и претставник на УНДП во Република Македонија, г-ѓа Даниела Димитриевска, извршна директорка на Македонското женско лоби, г-ѓа Лилјана Поповска, претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на РМ, г-ѓа Ѓунер Небиу, претседателка на Женска граѓанска асоцијација Антико.

На темата Демократија без жени говореше г-ѓа Теута Арифи, заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за европски прашања.

Во панел дискусијата Обврски на политичките партии кон родовата еднаквост – внатрешна перспектива свои излагања имаа пратениците г-ѓа Силвана Бонева, г-ѓа Лилјана Кузмановска, г. Илија Димовски, г-ѓа Тања Томиќ, г-ѓа Цветанка Иванова, г-ѓа Сузана Салиу и г. Горан Мисовски.

На темата Сојузници во застапување за родова еднаквост – перспектива на граѓанскиот сектор за надминување на предизвиците со цел унапредување на родовата еднаквост свои излагања имаа г-ѓа Савка Тодоровска од Националниот совет за родова рамноправност и г-ѓа Даниела Димитриевска од Македонското женско лоби.

Од конференцијата произлегоа следните заклучоци:

1. Имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите преку вградување во актите на политичките партии;

2. Клубот на пратенички упати апел до раководствата на политичките партии за поголемо учество на жените во органите на партиите и на изборните листи;

3. Вградување на квоти за градоначалнички во Изборниот закон по завршувањето на  локалните избори во 2013 година.
Click