Активности



Среда, 4 април 2012 година

Македонија и Албанија со заедничка стратешка цел – ЕУ

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, г. Орхан Ибраими и членовите: г. Авдија Пепиќ, г. Ѓорѓи Коџобашиев, г. Митре Велјановски, г-ѓа Фламуре Демири-Креци и г. Џеват Адеми, денеска остварија средба со г-ѓа Јозефина Чоба Топали, претседател на Собранието на Република Албанија.

На средбата, од страна на Парламентот на Република Албанија присуствуваа пратениците: г. Арбен Ахметај, г. Бедри Хоџа, г. Исмаил Хоџа и г-ѓа Мими Кодхели, а во постојана придружба беа амбасадорот на Република Македонија во Република Албанија, Н.Е. Веле Трпевски и амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, Н.Е. Арбен Чејку.

Претседателот на Пратеничката група, г. Орхан Ибраими, на почеток од средбата изрази задоволство од посетата на г-ѓа Топали, посочувајќи ги добрососедските и пријателски односи помеѓу двете држави.

Помеѓу Република Македонија и Албанија се потпишани голем број на договори и ратификации кои покриваат разни области и прашања, меѓу кои економијата и трговијата, како и иницијативи што се покренати меѓу двете Влади.

Од средбата произлезе и иницијативата за интензивирање и зголемување на соработката помеѓу работните тела на двата парламента во однос на прашањата за образованието.

За Република Македонија стратешка цел и понатаму останува интегрирањето на земјата во ЕУ и НАТО.

Претседателот на Собранието на Република Албанија, г-ѓа Топали, изрази задоволство од приемот како и можноста за отворен разговор и размена на мислења. Воедно, таа упати покана до Пратеничката група за соработка да го посетат Парламентот на Албанија.

Госпоѓа Топали посочи дека во време на глобализација и интеграција нема друго и подобро решение освен интегрирањето во ЕУ и НАТО, како поттик за интензивирање на реформите, постигнување на ЕУ стандардите, особено во делот на образованието.

Click