Активности



Среда, 11 јули 2012 година

Македонија и Индија – пријателски земји со успешна соработка

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г. Антонио Милошоски, оствари средба со државниот министер за надворешни работи на Индија, г-ѓа Пренит Кор.

На почетокот од средбата, г. Милошоски, им посака добредојде на гостите, изрази благодарност за првата посета од ваков тип и се заблагодари што Индија ја призна Република Македонија под уставното име.

Тој се осврна на бизнис соработката со Индија, притоа укажувајќи на поволните услови за инвестирање во нашата земја.

Госпоѓа Кор изрази задоволство од гостопримството во Македонија и средбите кои ги оствариле тука, но и при посетите на македонските делегации во Индија.

Таа, исто така, ја истакна добрата соработка во повеќе области меѓу двете земји, потпишаните договори, како и одличните односи со македонската амбасада во Њу Делхи. 

На средбата стана збор и за борбата против меѓународниот тероризам, како глобален проблем, при што г. Милошоски ја нагласи безрезервната поддршка која Република Македонија ѝ ја дава на Индија на ова поле. 

Гледајќи по брзината со која се движат работите во меѓусебната соработка на сите нивоа, двете страни изразија убеденост дека таа не само што ќе продолжи во иднина, туку ќе даде и одлични резултати. 

Во духот на пријателството, присутните дискутираа за две истакнати историски личности од Македонија, Александар Велики и Мајка Тереза, кои ги поврзуваат двете земји и кои се од големо значење за нив.

 

 

Click