Активности

Понеделник, 21 мај 2012 година

НАТО самит

Во Чикаго се одржува 25. самит на НАТО, во чиј фокус е Авганистан, новата „паметна одбрана“ и противракетниот штит во Европа. Проширувањето на Алијансата не е на дневен ред.

Генералниот секретар на најмоќната воено-политичка организација, г. Андерс Фог Расмусен, изрази уверување дека и во ова време на глобална економска криза, на овој Самит ќе се потврди силната НАТО солидарност.

„Примарната одговорност на НАТО е да овозможи безбедност за нашето население и сигурност за нашите нации“, изјави г. Расмусен.

На дводневниот самит во Чикаго учествуваат 60 земји, меѓу кои и Република Македонија. Во рамките на Самитот, денеска, македонската делегација ќе учествува на состанокот предвиден за членките на НАТО и земјите учеснички во мисијата ИСАФ во Авганистан.

 
Click