Активности



Понеделник, 28 мај 2012 година

Парламентарната соработка важен мост за развивање на дипломатско - пријателски односи

Претседателот на Комисијата за европски прашања и Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, г. Хајрула Мисини денеска оствари средба со  вршителот на должноста амбасадор  на Исламската Република Иран во Република Македонија,  г. Алиреза Сабзали, на  негово барање.

На средбата беа разменети мислења  за  можностите за  развивање на  политичката, културната и на економската соработка, како и соработката  во областа на здравството  и  во повеќе општествени области, меѓу двете земји.

Во тие рамки г. Сабзали  посебно  го истакна значењето на   парламентарната соработка, како важен  мост за развивање на дипломатските и пријателските односи. Притоа, тој информираше  дека во тек е отварање на  иранска амбасада во Република Македонија, како и формирање на парламентарна група за соработка  со Собранието на Република Македонија.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Мисини се согласи со важноста на парламентарната  дипломатија и како актуелен, но и поранешен  претседател на Групата за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран ја поздрави инцијативата од иранска страна за добри пријателски односи меѓу Република Македонија и Исламската Република Иран.

Во разговорот стана збор и за составот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Исламската Република Иран, при што заеднички беше констатирана потребата од воспоставувањето на поблиска парламентарна соработка меѓу двете земји.

Господин Мисини особено го поздрави фактот што Исламската Република Иран ја има признаено Република Македонија под нејзиното уставно име. Истовремено, г. Мисини го запозна амбасадорот со аспирациите на Република Македонија на планот на нејзиното европско и евроатлантско интегрирање.

Click