Активности

Среда, 9 мај 2012 година

Петнаесетта седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на 15. седница одржана на 8 мај 2012 година, го разгледа Предлог-законот за ратификација на Регионалната конвенција за паневромедитерански преференцијални правила на потекло.

На седницата на Комисијата, во својство на повереник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Горан Стевчевски, државен советник во Министерството за надворешни работи.

Врз основа на расправaта, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да го донесе овој Предлог-закон.

 
Click