Активности

Петок, 15 јуни 2012 година
 
Писмо од пратеникот Антонио Милошоски до претседателите на комисиите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ
 
Претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски испрати писма до своите колеги, претседатели на комисиите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, во кое ги информира за Декларацијата и Препораките на европските и македонските парламентарци, во врска со процесот на европските интеграции.

Во писмото се подвлекува дека на својот десетти состанок, Мешовитиот парламентарен комитет ја поздрави пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 5 декември 2011 во однос на Времената спогодба и констатираше дека истата претставува обврска за Грција да не го попречува членството на земјата во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Mеѓу другото Милошоски во писмото истакнува: „Почитувањето на пресудата на МСП од страна на Грција, најпрво е важна заради владеењето на правото како темелен принцип во ЕУ, а секоја членка на ЕУ треба да биде пример за тоа. Второ, примената на пресудата ќе му овозможи на ЕУ Советот да ја следи препорака на Европската комисија и да донесе одлука за отворање на преговорите за членство со Македонија, во текот на 2012 година. Конечно, уверен сум дека почитувањето на пресудата на МСП и отворањето на преговорите за членство ќе дадат значителен придонес во македонско-грчкиот дијалог за изнаоѓање на компромисно решение околу спорот со името“.

 

 
Click