Активности

Понеделник, 2 јули 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент оваа работна седмица одржува пленарна седница во Стразбур, на која вообичаено ќе стане збор за економската криза на Стариот континент, а ќе се дебатира и за повторното воведување гранична контрола во рамките на шенген-зоната.

Европратениците ќе разговараат и за буџетот за следните седум години, како и за прекуграничниот банкарски синдикат и фондот за долгови.

На дневен ред ќе се најде и новиот план за осигурување на водните ресурси, потоа заштитата на правата на сопственост и безбедноста на потрошувачите, состојбите во Сирија, Египет и Грузија, подобрување на трговската размена со Русија, човековите права и демократијата и др.

Во рамките на седницата, Република Кипар, како нов претседавач со Европската унија, ќе ја претстави програмата со приоритетите за наредните шест месеци, а Кралството Данска ќе поднесе извештај за сработеното во нивното претседателство од почетокот на годината досега.

 
Click