Активности

Понеделник, 21 мај 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 21 до 24 мај, Европскиот парламент во Стразбур ќе одржи пленарна седница, во пресрет на самитот на ЕУ лидерите в среда.

Утре европратениците заедно со претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, ќе разговараат за инвестиции, засилен развој и отворање нови работни места.

На седницата ќе стане збор и за предложениот данок на финансиска трансакција, кој има за цел да привлече повеќе трговци и да се избегне нерентабилно работење.

Исто така, ќе се разговара за ефективно искористување и обновување на природните ресурси, што би ја направило ЕУ економијата поконкурентна. Европратениците ќе побараат построги правила за управување со отпадот и крај за субвенциите штетни за околината.

Исто така, ќе се повика на рамноправност меѓу мажите и жените во однос на платите, како и на построги санкции за работодавачите.

Меѓу останатото, на дневен ред ќе се најде и нелегалниот риболов, а во тој контекст ќе се актуелизира и договорот за риболов меѓу ЕУ и Мозамбик.

Членовите на Европарламентот ќе расправаат и за борбата против хомофобијата во Европа, со апел за еднаков третман на луѓето без оглед на сексуалната ориентација. 

 
Click