Активности

Среда, 9 мај 2012 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент денеска и утре во Брисел ќе одржи пленарна седница, на која воедно ќе се одбележи и 9 Мај – Денот на Европа, со обраќање на првиот европарламентарец, г. Мартин Шулц.

Европратениците ќе апелираат до ЕУ за помош на регионалните аеродроми во стимулирањето на локалната економија, ќе побараат да има строга контрола на извозот на опасни хемикалии надвор од ЕУ, потоа ќе се заложат за решавање на проблемот со пиратите кои ги напаѓаат бродовите со хуманитарна помош, главно на сомалискиот брег и Западноиндискиот Океан, а ќе инсистираат и на поттикнување на економскиот развој и демократијата во јужномедитеранските земји.

Исто така, членовите на Европарламентот ќе ја потенцираат потребата од појасни закони за заштита не само на жртвите од прекугранични клевети, туку и новинарите обвинети за тоа.

На седницата ќе стане збор и за намалување на трошоците при користење на мобилните телефони, „смарт“ телефоните и таблетите кога се патува во рамките на ЕУ, почнувајќи од 1 јули годинава.

 
Click