Активности

Среда, 17 октомври 2012 година
 
Пратеникот Антонио Милошоски на тркалезна маса во Брисел
 
Денеска во Европскиот парламент, во Брисел, во организација на Групата на европските конзервативци и реформисти, ќе се одржи тркалезна маса посветена на изборите и политичката ситуација во Белорусија.

Свое обраќање на темата ќе има и пратеникот г. Антонио Милошоски, во својство на шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ на последните парламентарни избори во Белорусија, кои се одржаа на 23 септември.

Помеѓу останатите говорници ќе бидат и европратеникот г. Мартин Каланан, координатор на европските конзервативци и Марек Мигалски, европратеник од Полска.

 
Click