Активности



Понеделник, 19 март 2012 година

Проштална посета на амбасадорот на Португалската Република во Република Македонија, г. Луис де Алмеида Сампајо

Потпретседеталот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, денеска го прими во проштална посета амбасадорот на Португалската Република во Република Македонија, со седиште во Белград, г. Луис де Алмеида Сампајо.

На средбата се разговараше за актуеалната политичка и економска ситуација во Република Македонија, како и за  билатералната соработка меѓу Република Македонија и Португалската Република, за која соговорниците истакнаа дека е одлична и се заложија истата да биде и натаму унапредувана и збогатувана.

Во овој контекст, се истакна дека особено треба да се иницира започнување на поблиска соработка меѓу двата парламента, особено поради фактот што Собранието на Република Македонија има формирано Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република.

Во текот на разговорот, се дискутираа прашања од заеднички интерес за двете држави и двата парламента, при што се изразија заложби за натамошно унапредување на односите меѓу двете држави и за поинтензивна соработка на мултилатерален план.

Click