Активности



Среда, 6 јуни 2012 година

Работилница за пратениците за пристапната рамка и улогата на комисиите за европски прашања

Пратеници од различни пратенички групи учествуваа на двата семинари на ИПА-ТПП Проектот (Техничка помош на Парламентот) кои се однесуваа за Парламентот и за теми поврзани со прашања за ЕУ : Пристапната рамка на ЕУ и Улогата на Комисиите за европски прашања во земјите-членки на ЕУ.

Целта на овие семинари беше пратениците да се запознаат со:

  1. Општото разбирање на пристапната рамка и клучните предизвици од процесот на пристапувањето во ЕУ, особено дека истите се поврзани со Парламентот и неговите законодавни и политички задачи за време на пристапниот процес на Македонија;
  2. Преглед на различните модели на Комисиите за европски прашања во земјите-членки на ЕУ (нивната улога, задачи и видови на системи за надзор/мониторинг кои се однесуваат на прашањата за ЕУ).

Говорници на двата семинари беа д-р Питер Шарди, раководител на канцеларијата за надворешни врски, Унгарски национален парламент; д-р Золтан Хорват, директор за обуки на ИПА-ТПП проектот и г-ѓа Инес Бирзниеце, тим лидер на ИПА-ТПП проектот.

Тие дадоа краток преглед на овие теми, презентирајќи и практични примери од нивното искуство во прашањата поврзани со ЕУ, работејќи во Унгарскиот и Летонскиот парламент, пред и по пристапувањето на Унгарија и Летонија во ЕУ во 2004 година.

Семинарите вклучуваа и размена на мислења помеѓу презентерите и пратениците кои учествуваа на семинарите, особено во делот на моменталната состојба на Македонија во подготовките за пристапните преговори со ЕУ и членството во ЕУ.

Планиран е уште еден семинар за пратениците, кој ќе се однесува за искуствата од пристапните преговори за влез во ЕУ во неодамнешните пристапувања (предизвиците, тешкотиите и научените лекции).

Овие семинари се посебно наменети за пратениците кои се членови на Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика, Националниот совет за евроинтеграции и Мешовитиот парламентарен комитет (Европска унија-Република Македонија).

ИПА Проектот „Техничка помош на Парламентот“, проект кој е финансиран од ЕУ, започна со работа во Собранието во јануари 2011 година, со времетраење од 18 месеци. Главниот фокус на проектот е да го помогне градењето на капацитети на вработените во собраниската служба и комисиите, посебно во делот на соочување со во процесот за пристапување во ЕУ.

Click