Активности



Среда, 4 април 2012 година

Работилница за пратениците за користење на базите на податоци на ЕУ

Пратеници од разни политички партии во Собранието на Република Македонија вчера учествуваа на работилницата на ИПА-ТПП проектот (техничка помош на Парламентот) посветена за користењето на базите на податоци на Европската унија.

Целта на работилницата беше да им се даде на пратениците практичен вовед во секојдневната употреба на базите на податоци на Европската унија, посебно на оние кои се потребни за работата на Собранието во однос на прашањата за ЕУ и за законодавниот процес. Темите вклучуваа вовед во главните извори на информации за Европската унија и општ вовед во веб-сајтот на Европската унија, како да се најдат законодавните и незаконодавните документи на ЕУ и на интернет-сајтовите, како и преглед на базите на податоци на ЕУ на националните праламенти на земјите-членки на ЕУ.

Госпоѓа Каталин Салоки, постојан претставник на Унгарскиот национален парламент во ЕУ (во Брисел), на оваа работилница им презентираше различни теми на пратениците, заедно со г. Золтан Хорват, директорот за обука на проектот, кој беше во улога на модератор.

Оваа работилница  е четвртата презентација за пратениците која  е организирана од ИПА-ТПП проектот. Останатите семинари за пратениците, кои се планирани за мај и јуни, ќе се однесуват за улогата на комисиите за европски прашања на различни земји-членки на ЕУ, пристапната рамка на ЕУ, како и искуствата од преговорите за пристапување во ЕУ на некои од поновите земји-членки на ЕУ.
 
ИПА проектот „Техничка помош на Парламентот“, финансиран од ЕУ, почна со работа во Собранието во јануари 2011 година и ќе трае до јули 2012 година. Дел од компонентите на проектот е да се подобри техничката поддршка на собраниските работни тела, како и подобрување на пристапот до и обезбедување на информации за пратениците и за вработените  во службата на Собранието, особено имајќи ја предвид агендата за пристапување во ЕУ и овозможување на подобар пристап на јавноста до информации.

 

Click