Активности

Четврток, 6 септември 2012 година
 
Работна посета на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите 

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија во соработка со Здружението на граѓани Х.Е.Р.А. на 7 септември 2012 година, (петок) со почеток во 12 часот ќе одржат работна посета на младинскиот центар за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам да знам" во Општина Шуто Оризари.

Посетата на тема: Подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје на младите во Република Македонија е резултат на заклучок од јавната расправа одржана на 28 јануари 2011 година во организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија и Здружението на граѓани Х.Е.Р.А.

Покрај членовите и замениците членови на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите поканети се г. Никола Тодоров, министер за здравство на Република Македонија.
Click