Активности

Среда, 21 март 2012 година

Работна средба на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички и Канцеларијата на UN Women - Тело на Обединети нации за родова рамноправност и зајакнување на жените од Скопје, ќе одржат работна средба со австриската експертка за родово одговорно буџетирање, д-р Елизабет Клатцер, на 23 март 2012 година, од 10.00 до 13.00 часот, во хотелот „Бест Вестерн” во Скопје.

Средбата се организира во рамките на регионалниот проект на UN Women „Родово одговорни политики во Југоисточна Европа”, поддржан од Австриската развојна агенција.

Средбата е дел од втората посета на д-р Клатцер за поддршка на Работната група за родово одговорно буџетирање, предводена од Министерството за труд и социјална политика, а составена од претставници на други министерства, која работи на подготовка на првата национална стратегија за родово одговорно буџетирање, чие усвојувањето се предвидува за јуни годинава.

Земајќи ја предвид улогата што Собранието ја има во донесувањето на буџетот, но и можностите со коишто пратениците располагаат за да го поврзат процесот на буџетирање со имплементација на политиките на родова рамноправност, средбата со д-р Клацер има за цел да понуди простор за размена на идеи за гореспоменатото, како и за пренесување на слични меѓународни искуства во воведувањето на родовото одговорно буџетирање и заложби од страна на пратениците во усвојувањето на стратегии во оваа област.
Click