Активности

Понеделник, 26 март 2012 година

Одржана работна средба на Клубот на пратенички за родово одговорно буџетирање

На 23 март 2012 година, во хотелот „Бест Вестерн“, Клубот на пратенички и Канцеларијата на UN Women - Тело на Обединетите нации за родова рамноправност и зајакнување на жените од Скопје, одржаа работна средба со австрискиот експерт за родово одговорно буџетирање, д-р Елизабет Клатцер.

Средбата беше организирана во рамките на регионалниот проект на UN Women „Родово одговорни политики во Југоисточна Европа” поддржан од Австриската развојна агенција, како дел од втората посета на д-р Клатцер за поддршка на Работната група за родово одговорно буџетирање, предводена од Министерството за труд и социјална политика, а составена од претставници на други министерства, која работи на подготовка на првата национална стратегија за родово одговорно буџетирање, чие усвојување се предвидува за јуни 2012 година.

На средбата, поздравни обраќања имаа: г-ѓа Соња Мираковска, координатор на Клубот на пратенички, г-ѓа Дијадра Бојд, постојан претставник на ОН и г-ѓа Ермира Лубани, UN Women, менаџерка на Регионалниот проект за родово одговорно буџетирање.

Во своето излагање, д-р Клатцер изнесе искуства од воведувањето на родовото одговорно буџетирање во регионот и пошироко и даде предлози за следни чекори кои Република Македонија, која е лидер во регионот на ова поле, треба да ги презеде.

 

 
Click