Активности



Петок, 14 декември 2012 година, Загреб

Учество на пратениците Ѓорчев и Мисини на Регионална парламентарна конференција на комисиите за одбрана и безбедност

Делегација на Собранието на Република Македонија, составена од пратениците:  г. Владимир Ѓорчев и г. Хајрула Мисини, од  12 до 14 декември 2012 година, учествува на Регионалната парламентарна конференција на комисиите за одбрана и безбедност, која се одржува во Центарот за безбедносна соработка РАКВИАК, во близина на Загреб, Република Хрватска.

На Конференцијата, во која учествуваат парламентарци-членови на комисиите за одбрана на Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Турција, стана збор за можностите за развивање на парламентарната контрола во безбедносниот сектор на државите, при што свое обраќање имаше и претседателот на хрватскиот Сабор, г. Јосип Леко.

Во расправата беа разменети мислења и ставови во однос на состојбите во безбедносниот сектор, при што свои излагања имаа и пратениците на Собранието на Република Македонија.

Пратеникот Ѓорчев информира за подготвеноста на Република Македонија за членство во НАТО, а во тие рамки посебно се осврна на борбата против корупцијата, како дел од реформските активности, кои ги презема Владата во таа насока.

Пратеникот Хајрула Мисини, говореше за можностите за зајакнување на механизмите за парламентарна контрола на секторот за безбедност и одбрана, при што ги сподели искуствата и праксата на Собранието на Република Македонија во оваа област.

 

Click