Активности

Петок, 2 ноември 2012 година

Родовата рамноправност е значаен сегмент во процесот на евроинтеграција

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија одржа средба со амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Н.Е. Аиво Орав.

Амбасадорот Орав беше информиран за активностите на Комисијата, посебно за големиот број јавни расправи на специфични теми поврзани со родовата перспектива.

Истакната беше конструктивноста и инклузивноста во работењето, со вклучување широк круг актери од институциите и невладиниот сектор, со што се влијае за намалување на стереотипите во општеството. 

На средбата беше заклучено дека родовата рамноправност е значаен сегмент во процесот на евроинтеграција на Република Македонија и дека ќе се продолжи соработката помеѓу националните, локалните и меѓународните институции на овој план.

 
Click