Активности



Вторник, 4 септември 2012 година

Седумнаесетта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на Седумнаесеттата седница, одржана на 3 септември 2012 година, како матично работно тело, го разгледа:

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полицијата - I читање.

Потребата од донесување на законот ја образложи претставникот на Владата, заменик-министерот за внатрешни работи, г. Џелал Бајрами.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците: г. Павле Трајанов и г-ѓа Косана Николиќ-Мазнева.

Врз основа на расправата и член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за одбрана и безбедност, со мнозинство гласови, констатира дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полицијата- I читање, е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.


Click