Активности



Четврток, 17 мај 2012 година

Шеснаесетта седница на Комисија за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на 16. седница одржана на 14 мај 2012 година, во второ читање го разгледа:

Предлог-законот за легализација на јавните исправи во меѓународниот промет
На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше заменик-министерот за надворешни работи, г. Зоран Попов.

Во однос на Предлог-законот, до определениот рок за поднесување амандмани нема поднесено амандмани од овластените предлагачи.

Врз основа на расправaта, Комисијата едногласно заклучи да го проследи  Предлог-законот за за легализација на јавните исправи во меѓународниот промет на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click