Активности



Среда, 18 април 2012 година

Средба на пратеникот Хајрула Мисини со г. Дејвид Колен

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, денеска имаше средба со г. Дејвид Колен, одговорен на Одделението за Република Македонија во рамките на Генералниот директорат за проширување во Европската комисија.

На средбата од двете страни беше поздравено отпочнувањето на пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Скопје и Брисел  и стручниот дијалог зa Поглавјата 23 и 24. Притоа заедничка беше констатацијата дека напредокот во овие области ќе ја поттикне европската перспектива на земјата и ќе придонесе за подобрувањето на состојбите во овие области.

Претседателот на Комисијата г. Мисини информира за активностите во областа на евроинтегративните процеси на земјата од парламентарен аспект, со посебен акцент на  улогата на Комисијата за европски прашања во овој процес. Притоа тој го нагласи значењето за што поскоро интегрирање на Република Македонија во ЕУ, за што има национален и политички консензус. Во тој контекст истакна дека треба да се иницираат и потпомогнат процесите на стабилизација и асоцијација и на останатите држави од Балканот, со што ќе се придонесе за  поголема стабилност и безбедност на целокупниот регион.

Високиот гостин ја потврди посветеноста на Европската комисија, чиј претставник е и самиот, за што поскоро  интегрирање на  нашата земја, за што сведочат и зачестените посети на еврокомесарот за проширување, г. Филе.

Притоа истакна дека пристапниот дијалог на високо ниво  не може да претставува замена за почеток на преговорите со ЕУ.  



Click