Активности



Среда, 11 јануари 2012 година

Средба на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, со Н.Е. д-р Томас Михаел Бајер

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, на барање на амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Н.Е. д-р Томас Михаел Бајер, денеска одржа средба на тема активности на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2011 и 2012 година и притоа го поздрави и запозна гостинот со темите кои ќе бидат разгледувани на идните седници на Комитетот

Амбасадорот, Н.Е. д-р Томас Михаел Бајер изрази желба и подготвеност да го помага работењето на  Комитетот да го зајакне својот капацитет со цел поефикасна работа, преку ангажирање на експерти од областа на меѓуетнички односи.

На крајот од средбата, амбасадорот, Н.Е. д-р Томас Михаел Бајер, изрази задоволство од приемот, искреноста и отвореноста при одговорот на поставените прашања и заклучи дека ваквите средби треба да продолжат и во иднина.

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, ја поздрави поддршката на амбасадорот за зајакнување на работата на Комитетот, се заблагодари за соработката и истакна дека очекува во иднина уште повеќе да се интензивираат овие средби и активности.

Click