Активности



Четврток, 12 јануари 2012 година

Средба на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, со претставникот на УНДП, г. Грегори Атила Конор

Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, на 11 јануари 2012 година, на барање на г. Грегори Атила Конор, претставник на УНДП и специјалист за мир и развој, во Собранието на Република Македонија одржа средба во врска со идните активности на Комитетот за односи меѓу заедниците и активната поддршка на УНДП за продуктивна работа на Комитетот

Господин Конор изрази желба и подготвеност УНДП да продолжи да го помага работењето на  Комитетот во смисла да се зајакне неговиот капацитет, преку обука на членовите и службата на Комитетот. Притоа, г. Конор предложи проект кој ќе биде спороведен во неколку фази и има за цел подиректна комуникација меѓу УНДП и Комитетот и воедно да се зацврсти улогата на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Претседателот на Комитетот, г-ѓа Ермира Мехмети, се заблагодари и ја поздрави поддршката на УНДП за позитивни промени во работата на Комитетот за односи меѓу заедниците и истакна дека во иднина очекува да се интензивират заедничките активности.


 

Click