Активности

Вторник, 13 ноември 2012 година
 
Средба на пратеникот Ана Павловска Данева со Пауло Монтеиро
 
Пратеникот, г-ѓа Ана Павловска Данева, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Португалската Република, по барање на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, денеска оствари средба со г. Пауло Монтеиро, активист за културни прашања во Португалската Република.

Средбата се оствари во насока на анимирање на билатералната соработка и воспоставување на поблиска соработка меѓу двата парламента.  Интересот за разговори и размена на искуства од парламентарното работење би се фокусирал на прашањата од областа на надлежноста на парламентарните комисии за култура и образование, комисииите за политички систем, изборното законодавство, човековите права, функционирање на парламентарни институти како европска практика, како и други области од заемен и поширок општествен интерес. 

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Португалската Република, г-ѓа Ана Павловска Данева истакна дека постои голем интерес во Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Португалската Република.

И во тој контекст би било добро да се воспостави соработка со Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Португалската Република и потоа таа да се прошири на повеќе нивоа.
Click