Активности



Петок, 20 јануари 2012 година

Средба на претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини со амбасадорот на Кралството Шпанија, г.  Фернандо Де  Галанена Родригез

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, г. Фернандо Де Галанена Родригез, на негово барање.

На средбата стана збор за евроинтегративните процеси на Република  Македонија,  пред се за  можностите за добивање на датум за почеток на преговори со Европската унија. 

Претседателот на Комисијата, г. Мисини  го запозна амбасадорот  Родригез  со  постигнатите  резултати  во потребните ЕУ  реформи, соглсасно Копенхашките критериуми и тоа во  правосудството,  имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, јавната администрација, борбата против корупцијата и друго.

Во тој контекст заедничка беше констатацијата дека ни е наметнат уште еден критериум за добивање на датум за преговори за ЕУ членство, од страна на Република Грција,  во однос на употребата на нашето уставно име.

Амбасадорот Родригез  истакна дека  Шпанија  ќе ја подржува Република Македонија на патот кон евроатлантските асоцијации, при што  како особено  важен го посочи развојот на  парламентарната  дипломатија меѓу двете држави.

Click