Активности



Петок, 19 октомври 2012 година

Развојот на демократијата на локално ниво е основа за демократијата на централно ниво за секоја држава

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу, денеска прими делегација од општината Татлису од Северен Кипар, во чиј состав беа градоначалникот на општината, г. Хајри Орчан и претседателот на Советот, г. Музафер Ајдин.

На средбата, потпретседателот Салиу ги запозна гостите со структурата и работата на Собранието на Република Македонија. Таа се осврна на последниот извештај на Европската комисија, каде што Собранието беше позитивно оценето.

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Сузана Салиу, ја поздрави соработката на локално ниво, иницирана од општините Чаир и Татлису, истакнувајќи дека локалната самоуправа, односно развојот на демократијата на локално ниво, претставува основа за демократијата и на централно ниво за секоја држава.

Притоа, таа подвлече дека  Собранието на Република Македонија е секогаш отворено за соработка.

Градоначалникот Орчан ја информираше г-ѓа Салиу за потпишаниот протокол за збратимување на општината Татлису и општината Чаир, кој е прв договор за соработка меѓу Северен Кипар и Република Македонија.

Тој се залагаше за проширување на соработката и на други полиња, споменувајќи ја меѓупарламентарната соработка, и ја покани г-ѓа Сузана Салиу да го посети Северен Кипар.

 

 

Click