Активности

Четврток, 29 март 2012 година, Вашингтон
 
Делегацијата на собраниската Комисија за надворешна политика оствари средба со американски конгресмени

Делегацијата на собраниската Комисија за надворешна политика, во чиј состав се пратениците Антонио Милошоски, Игор Ивановски, Дешира Имери и Павле Саздов, која деновиве е во посета на Вашингтон, во текот на вчерашниот ден оствари средби со конгресмените Бил Паскрел, Алсе Хастингс, Дејвид Дреер и Кендис Милер.

 На средбите, меѓу другото, се разговараше за можностите за интегрирање на Република Македонија во НАТО, при што беше потенцирана нашата посветеност во овој процес, преку остварените реформски активности и  учеството во меѓународните мисии на НАТО. Пред конгресмените беше претставена и одлуката на Меѓународниот суд на правдата, како еден од главните аргументи за членство на Република Македонија во Алијансата.

Исто така, беше реализирана средба на амбасадорите на групата А5 и собраниската делегација со група на конгресмени, на која амбасадорите јасно ја истакнаа волјата и поддршката за членство на Република Македонија во НАТО, а претседателот на комисијата, Антонио Милошоски ја искористи можноста за да ги изложи аргументите кои одат во прилог на потребата од побрз прием на нашата држава во НАТО.

Делегацијата оствари средба и со претставници на Обединетата македонска дијаспора на која беа потенцирани нивните напори за промовирање на интересите на Република Македонија и заложбите за прием на Македонија во НАТО.  

За време на посетата, пратениците остварија  средби со претставници на Меѓународниот републикански  институт (ИРИ), како и со претставници на Националниот демократски институт (НДИ).
Click