Активности

Вторник, 27 март 2012 година, Вашингтон
 
Пратеникот Антонио Милошоски оствари средба со заменикот помошен државен секретар, г. Филип Рикер
 
Делегацијата предводена од претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Антонио  Милошоски, во Вашингтон оствари средба со заменикот помошен државен секретар, г. Филип Рикер.

Главна тема на средбата беше НАТО интеграцијата на Република Македонија, пред и по Самитот во Чикаго.

Претседателот Милошоски подвлече дека придонесот што Македонија го има направено за НАТО, заедно со кристално јасната пресуда на Судот во Хаг треба да бидат најсилните аргументи во рацете на земјите што се залагаат за отворени врати на Северноатлантската алијанса.
Click