Активности



Среда, 29 август 2012 година

Триесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Триесет и петтата седница, одржана на 23 август 2012 година, како матично работно тело, разгледа:

  • Измена и дополнување на Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Агенцијата за електронски комуникации, присуствуваше г. Роберт Ордановски, директор на Агенцијата и г-ѓа Гордана Клинчарова, претседател на Комисијата за електронски комуникации.

Во образложението на Програмата за работа на Агенцијата за електронски комуникации, директорот на Агенцијата истакна дека активностите на Агенцијата за електронски комуникации произлегуваат од нејзините надлежности утврдени во Законот за електронски комуникации и прописите донесени врз основа на него.

Со своја дискусија се јави пратеникот Јани Макрадули.

На крајот од дискусијата, Комисијата со 6 гласа „за“ и 5 „против“ го усвои следниот Заклучок:

  1. Собранието на Република Македонија ја разгледа и усвои Измената и дополнувањето на Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2012 година;
  2. Овој заклучок да се достави до Агенцијата за електронски комуникации и до Владата на Република Македонија.

 

Click