Активности



Вторник, 4 септември 2012 година

Триесет и трета седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на Триесет и третата седница, одржана на 29 август 2012 година, во второ читање го разгледа:

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за адвокатура.

Претседателот на Kомисијата, г. Илија Китаноски, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијатa го проследи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за адвокатура на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click