Активности



Четврток, 17 мај 2012 година

Триесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на денешната 30. седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за правното наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд (второ читање).

Со оглед на тоа што во рокот утврден со Деловникот по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата едногласно заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на закон и  му предлага на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за правното наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд.

 

Click