Активности

Понеделник, 12 март 2012 година

пратеникот Антонио Милошоски на Конференција во Копенхаген

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, г. Антонио Милошоски, вчера и денеска учествува на Конференцијата на претседатели на комисии за надворешни работи на европските земји, која се одржува во Копенхаген, Данска.

На оваа Конференција главни обраќања имаа високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, г-ѓа Кетрин Ештон и генералниот секретар на НАТО,  г. Андерс Фог Расмусен.

Конференцијата беше искористена за промовирање на македонскиот случај во однос на НАТО и ЕУ интеграциите, со досегашните постигнувања и реформи како главен аргумент за започнување на преговори за членство.

Истовремено, пред присутните колеги, претседателот на Комисијата, г. Милошоски, ја претстави и релевантноста на Пресудата од Хаг, чие почитување од страна на Грција претставува своевиден тест за владеењето на меѓународното право.

Претседателот на Комисијата оствари и неформални средби со повеќе колеги, претседатели на комисиите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија.
Click