Активности

Вторник, 24 април 2012 година, Копенхаген

Учество на пратеникот Хајрула Мисини на заседание на КОСАК

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, учествува на 47. заседание на КОСАК во Копенхаген, во рамките на Данското претседателство со Европската унија.

За време на состанокот, свое обраќање имаше претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, кој својот говор го посвети на 20 години од слободното движење на капитал, услуги и лица. Тој нагласи дека Европа во моментов е соочена со многу предизвици кои бараат решителни чекори во насока на создавање поразвиена, посилна и поконкурентна Европа.

На овој КОСАК, Република Македонија доби силна поддршка од Парламентите на Литванија, Латвија и Естонија, кои упатија писмена изјава до сите членови на КОСАК за неодложно отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во Европската унија.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, на маргините на КОСАК, оствари средби со претседателите на комисиите на овие парламенти и ја искористи оваа прилика да упати лична благодарност за искажаната поддршка. На овие средби, тој апелираше дека и другите парламенти треба да го следат овој пример којшто е многу значаен за евроинтегративниот напредок на Република Македонија.

 
Click