Активности

Петок, 23 март 2012 година

Во демократијата има место за сите

Европа е мала, но има голема историја, каде се преплетуваат јазици и истории, а во демократијата има место за сите, истакна г. Рикардо Миљори, потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ и шеф на Италијанската делегација во ПС на ОБСЕ, за време на средбата со Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на ОБСЕ.

Господин Миљори, изразувајќи благодарност за средбата, истакна дека ОБСЕ има важна улога во сите земји, но веќе историска во балканките земји.

Тој потенцира дека Македонија е земја која генерира позитивни предлози и во рамките на ОБСЕ треба да се прифатат конструктивните предлози на земјите-членки.

Потпретседател на ПС на ОБСЕ се осврна на Охридскиот рамковен договор, како модел за пример, притоа истакнувајќи ја потребата од поврзување и работа на делегациите на темата етнички малцинства, која е чувствителна во Европа.

Шефот на Македонската делегација, г-ѓа Ана Павловска-Данева, изрази задоволство од поддршката од ОБСЕ, особено во владеењето на правото, ефикасноста на судството, јакнењето на човековите права и меѓуетничките односи.

Таа истакна дека за Република Македонија соработката со Италија е многу значајна и оваа делегација тежнее на продлабочување на меѓусебните односи.

 
Click