Активности

Среда, 29 февруари 2012 година, Загреб


Учество на пратеникот Хајрула Мисини на годишна конференција 

 
Пратеникот Хајрула Мисини, како претставник на Комисијата за одбрана и безбедност, на покана на РАКВИАК Центар за безбедносна соработка, учествува на дводневна годишна конференција за Реформите во безбедносниот сектор - концепт на добро владеење, која се одржува во Загреб, Хрватска.

На конференцијата се образложи концептот на добро владеење, како најважен и најприменуван принцип на реформите на безбедносниот сектор, особено во време на криза.

На маргините на конференцијата, пратеникот Мисини оствари средба и со директорот на РАКВИАК центарот, г. Никола Тодорчевски на која што стана збор за следните активности и соработката помеѓу Центарот и Република Македонија.
Click