Понеделник, 17 септември 2012 година
Процесот на Пристапниот дијалог на високо ниво е успешен
Во рамките на 11. седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која учествуваа и Комисијата за европски прашања, Комисијата за надворешна политика и Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, свое обраќање имаше г. Штефан Филе, комесар за проширување и европска соседска политика на Европската комисија.