Петок, 29 јуни 2012 година
Јавна расправа на тема: Национална стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012 - 2015
Расправата ја отвори претседателот на Комисијата, г-ѓа Лилјана Поповска, по што свои излагања имаа: г. Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика на Република Македонија; г-ѓа Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи на Република Македонија; г-ѓа Диадра Бојд, постојан координатор на Обединетите нации и постојан претставник на УНДР; г. Шелдон Јет, претставник на УНИЦЕФ и г. Герт Кампман, заменик-амбасадор на Кралството Холандија.