42. седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 1...



Петок, 14 декември 2012 година

Четириесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, како матично работно тело, на Четириесет и втората седница. одржана на 12 декември 2012 година, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, по скратена постапка

Прочитај повеќе

Регионална парламентарна конференција на комисиите за одбра...



Петок, 14 декември 2012 година, Загреб

Учество на пратениците Ѓорчев и Мисини на Регионална парламентарна конференција на комисиите за одбрана и безбедност

На Конференцијата, во која учествуваат парламентарци-членови на комисиите за одбрана на Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Турција, стана збор за можностите за развивање на парламентарната контрола во безбедносниот сектор на државите, при што свое обраќање имаше и претседателот на хрватскиот Сабор, г. Јосип Леко.

Прочитај повеќе

Она што го дарува Киро Урдин е мултимедијален проект со сил...



Среда, 12 декември  2012 година

Она што го дарува Киро Урдин е мултимедијален проект со силна порака да се чува мајката природа

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, г-ѓа Силвана Бонева и членовите, присуствуваа на церемонијата која Кинеската амбасада во Република Македонија ја организираше по повод врачувањето на престижната награда на сценаристот и режисер Киро Урдин, доделена на Меѓународниот филмски фестивал за животински свет и природа, одржан во август 2012 година во Јаан, Народна Република Кина.

Госпоѓа Бонева, во името на Пратеничката група за соработка, имаше свое обраќање пред присутните. Таа истакна дека настанот е многу важен бидејќи спојува две земји, една мала Македонија и една многу голема Кина, две земји кои се толку далечни, а сепак толку блиски. Таа потсети на зборовите на г. Урдин, кој вели дека е точка која се движи насекаде и го спојува светот.

Овде, во една точка, рече Бонева, денес е споен светот, а таа е производ на талкањата на авторот низ Африка, на неговите претходни искуства, на Планетариумот кој е создаден после две години патувања низ светот.

Она што ни го дарува Киро Урдин, според Бонева, е мултимедијален проект кој праќа силна порака во целиот свет дека треба да ја чуваме мајката природа. Она што се забележува дека доминира во творештвото и филозофијата на Киро Урдин е љубовта кон мајката природа и печатот што го остава за генерациите што доаѓаат.

Пораките кои извираат од неговите дела се да ја чуваме чистотата на планетата Земја, бидејќи така ќе се чуваме самите себе, ќе го чуваме растителниот и животинскиот свет околу нас и ќе имаме што да им оставиме на генерациите што доаѓаат после нас, заклучи Бонева. 


 

Прочитај повеќе

Поповска на регионална конференција во Виена, 11.12.2012...



Вторник, 11 декември 2012 година

Пратеникот Лилјана Поповска на регионална конференција во Виена

Претседателот на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и член на Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Поповска, учествува на дводневна регионална работилница за зајакнување на парламентарните структури за жените-пратеници во регионот на ОБСЕ, која се одржува во Виена, Австрија

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европскиот парламент 10.12.12...



Понеделник, 10 декември 2012 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од 10 до 13 декември во Стразбур, Европскиот парламент ќе одржи пленарна седница, на која меѓу другото ќе се дискутира за приоритетите на претстојниот самит на Европскиот совет, кој ќе се одржи на 13 и 14 декември

Прочитај повеќе

Клубот на пратенички, 7.12.2012...



Петок, 7 декември 2012 година

Одржана работна средба на Клубот на пратенички и Канцеларијата на UN Women

Работилницата беше поддржана од страна на UN Women во рамките на регионалните проекти „Промовирање на родово одговорните политики во Југоисточна Европа“ и „Зајакнување на имплементацијата на Резолуцијата 1325 за жени, мир и безбедност во Западен Балкан (2011-2013)“.

Прочитај повеќе

Подобри меѓусоседски односи преку почитување на европски вр...



Четврток, 6 декември 2012 година, Брисел

Подобри меѓусоседски односи преку почитување на европските вредности и принципи

Во рамките на посетата на Брисел од 4 до 6 декември, делегацијата на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав г. Хајрула Мисини, г. Владимир Ѓорчев и г. Гордан Георгиев, реализира средби со бугарските европратеници, г. Кристијан Вигенин (С&Д), г. Андреј Ковачев (ЕПП) и г. Станимир Илчев (АЛДЕ), како и со копретседавачот на Мешовитиот комитет РМ-ЕУ, г. Јорго Шацимаркакис

Прочитај повеќе

28 седница на Комисијата за европски прашања 6.12.12...



Четврток, 6 декември 2012 година

Дваесет и осма седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на 28. седница, одржана на 3 декември 2012 година во прво читање ги разгледа:

Прочитај повеќе

45. седница на Комисијата за финансирање и буџет 3.12.12...



Понеделник, 3 декември 2012 година

Четириесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и петтата седница, одржана на 29 ноември 2012 годинa, како матично работно тело, во прво читање ги разгледа

Прочитај повеќе

Средба на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопа...



Понеделник, 3 декември 2012 година

Средба на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство со проф. д-р Емил Ерјавец

Како добар познавач на состојбите во земјоделството во Европа и Македонија, проф. д-р Емил Ерјавец од Словенија, на средбата со Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку низа примери, споредбени анализи и статистички податоци, даде практични совети кои би ѝ помогнале на нашата земја.     

Прочитај повеќе
1234...33                                  
Click