Вторник, 11 декември 2012 година
Празнично издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ
Во очи на третиот јубилеј, излезе празничното издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија. По тој повод, ко-претседавачот Кенан Хасипи упати честитка до своите колеги европарламентарци со искрени желби за среќни празници, добро здравје и успех на личен и професионален план. Во честитката, ко-претседавачот Хасипи нагласува и покрај сите предизвици и премрежја, Собранието на Република Македонија останува цврсто определено да работи за иднината на државата и на тој пат, побара искрена поддршка од колегите европратеници, но и од сите колеги од европските парламенти. На крајот г. Хасипи заклучи дека Република Македонија макотрпно и стрпливо ги остваруваше зададените задачи, обврски и критериуми и дека е време е Европската унија да оди чекор напред и да го евалуира огромниот труд што Република Македонија го вложила изминативе години и конечно да ја отвори вистинската европска иднина за граѓаните.