2013



Четврток , 21 февруари 2013 година

Нов Европски систем за подобрување на безбедноста на производите и надзор на пазарот

Европската комисија предложи нови правила за подобрување на безбедноста на производите на европскиот пазар и надзор на пазарот на непрехранбени производи, вклучувајќи ги и оние кои се увезени од трети земји.

Целта на овие предлози на европската комисија е да не се дозволи да стигнат производи кои не се безбедни до потрошувачите и корисниците. Мерките кои се предложени ке помогнат за многу кратко време да бидат остранети голем дело од неправилностите, надвор и во  пазарот на ЕУ. Двата законски предлога за подобрување и зајакнување на надзорот на пазарот го надополнуваат повеќегодишниот план за надзор на пазарот, преку обезбедување на 20 конкретни мерки кои мора да се спроведат до 2015 година. Предлозите на ЕУ се поврзани со обезбедување на мерки за подобро утврдување на потеклото на производот поради заштита на купувачите од небезбедни производи и поголема заштита на потрошувачите во Европската Унија.

Предлогот на Комисијата ќе ја зајакне заштитата на потрошувачите во повеќе сегменти:

  • побрзо отстранување на опасните производи од пазарот на ЕУ,
  • усогласување на потрошувачките правилата за безбедност и пазарен надзор во поглед на процедури за повеќето производи,  со отстранување на голем број на разлики кои се направени со сегашните правила,
  • појаснување на одговорностите на производителите, увозниците и дистрибутерите, каде тие ќе треба да обезбедат повеќе информации за подобро утврдување на потеклото на производот.
  • подобрување на способноста на регулаторите да ги следат производите за широката потрошувачка по должината на синџирот на снабдување - што резултира во поефикасен одговор на проблемите со безбедноста,
  • зајакнување на контролите, со што регулаторите полесно ќе можат да ја ограничат продажбата на потенцијално небезбедните производи или целосна забрана на истите,
  • создавање на заеднички систем помеѓу Европските регулатори за полесно меѓусебно споделување информации,
  • олеснување на процедурите за известување на земјите за опасни производи преку организиран систем во Европската унија кој ке опфаќа широка мрежа за известување (RAPEX & ICSMS).

Потрошувачите со овие измени ќе добијат повисоко ниво на заштита преку збир на  правила, што ќе им овозможи да купуваат со поголема доверба, во било која земја на унијата. Компаниите, исто така, ќе имаат корист од овие појасни и поконзистентни правила. Ќе им биде полесно да се усогласат, трошоците ќе бидат намалени, особено кога станува збор за малите бизниси.
Подобрени производи, зајакнати безбедносни проверки и прописите за увоз ќе помогнат да се елиминира нелојалната конкуренција. Овие предлози ќе бидат ставени пред Европскиот парламент и европските лидери  заедно со планот за имплемнтација до 2015 година.

Повеќе информации на следните линкови:
http://europa.eu/rapid/press-release_IP-13-111_en.htm
http://ec.europa.eu/news/environment/130213_en.htm

Click