НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

е-пошта: nsei@sobranie.mk

Одлуки, Седници, Јавни расправиСредби, Документи НСЕИДокументи РМ-ЕУ, За Европската унија,  ЕУ новостиЕУ билтен, Линкови

Следејќи ја стратешката определба на Република Македонија, членство во Европската унија, за која граѓаните ја изразуваат својата целосна поддршка и особено имајќи ги предвид критериумите кои треба да се задоволат како и обврските кои надлежните институции и сите општествени субјекти ги превземаат, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 19 ноември 2007 година ја донесе Одлуката за основање на Националниот совет за евроинтеграции („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/2007).

На седницата одржана на 6 јули 2011 година, Собранието донесе Одлука за изменување на Одлуката за основање Национален совет за евроинтеграции ("Службен весник на Република Македонија" бр.91/2011).

Советот има претседател, потпретседател, 15 члена и девет заменици членови, и тоа: девет члена од редот на пратениците во Собранието, кои имаат свои заменици и шест члена од други институции: заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, претставник од Кабинетот на претседателот на РМ, претставник од Кабинетот на претседателот на Владата на РМ, претставник од Македонската академија на науките и уметностите, од Заедницата на единиците на локалната самоуправа и од Здружението на новинарите. Овие шест членови учествуваат во работата на Советот без право на одлучување.

Претседателот на Советот се именува од редот на пратениците кои се во опозиција, а потпретседателот од редот на пратениците кои се во позиција.

Членови и заменици членови на Советот од редот на пратениците се:  три члена и три заменици членови од редот на пратениците кои се во позиција, три члена и три заменици членови од редот на пратениците кои се во опозиција.

Членови по функција се: претседателот на Комисијата за европски прашања, претседателот на Комисијата на надворешна политика и копретседателот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија, а заменици членови по функција се: заменик претседателот на Комисијата за европски прашања, заменик претседателот на Комисијата на надворешна политика и еден од потпретседателите на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија
Начинот на работа, правата и обврските на претседателот, потпретседателот и членовите на Советот, јавноста во работата и вршењето на стручните, административните и другите работи за потребите на Советот се уредени со Деловникот на Националниот совет  донесен на 25.10.2011 година.

Советот одлучува  со консензус на присутните членови што имаат право на одлучување, од редот на пратениците.

Седниците на Советот се отворени за јавноста. Советот може да одлучи да работи без присуство на јавноста ако тоа го предложат претседателот на Советот или најмалку една третина од вкупниот број на членови на Советот. По предлогот, Советот одлучува со консензус на присутните членови на Советот.

               
       Претседател: РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА

Потпретседател: СИЛВАНА БОНЕВА

                 Членови: ИЛИЈА ДИМОВСКИ
                                   АЛЕКСАНДАР СПАСЕНОВСКИ
                                   СУЗАНА САЛИУ
                                   МЕРАЛ УЗЕИРИ-ФЕРАТИ
                                   ТИТО ПЕТКОВСКИ
                                   ГОРДАН ГЕОРГИЕВ
                                   ХАЈРУЛА МИСИНИ
                                   АНТОНИО МИЛОШОСКИ
                                   КЕНАН ХАСИПИ

ФАТМИР БЕСИМИ
Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции

проф. д-р ДИМИТАР МИРЧЕВ
Кабинетот на претседателот на Република Македонија

д-р МЕТОДИЈ ХАЏИ-ВАСКОВ
Кабинет на претседателот на Владата на Република Македонија

акад. ЉУПЧО КОЦАРЕВ
Македонската академија на науките  и уметностите

ИЛЧО ЗАХАРИЕВ
Заедницата на единиците на локалната самоуправа

НАСЕР СЕЛМАНИ
претседател на Здружението на новинарите на Македонија

Заменици членови: ХРИСТИНА РУНЧЕВА
                                      МИЛЕ ПАЧЕМСКИ
                                      РЕЏАИЉ ИСМАИЛИ
                                      ОРХАН ИБРАИМИ
                                      АНА ПАВЛОВСКА-ДАНЕВА
                                      САФЕТ БИШЕВАЦ
                                      АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ
                                      НЕЏАТИ ЈАКУПИ
                                      ЕРМИРА МЕХМЕТИ 

Претставници:

АНТОНИ ПЕШЕВ
Стопанска комора на Македонија

ЗЛАТКО КАЛЕНИКОВ
Сојуз на стопански комори на Македонија

м-р ЖИВКО МИТРЕВСКИ
Сојуз на синдикатите на Македонија

ДОЈЧИН ЦВЕТАНОСКИ
Конфедерација на слободни синдикати на Македонија

СЛОБОДАН  АНТОВСКИ
Унија на независни и автономни синдикати на Македонија

ТАЊА ХАФНЕР АДЕМИ
Граѓанска платформа на Македонија

НЕГОВО ПРЕОСВЕШТЕНСТВО ЕПИСКОП ХЕРАКЛЕЈСКИ КЛИМЕНТ
Македонска православна црква

СКЕНДЕР БУЗАКУ
Исламска верска заедница

ТОМЕ КОЛЕВ
Католичка црква

ТРАЈЧЕ МИНОВ
Евангелско-Методистичка црква во Македонија

БЛАГОЈА МЛАДЕНОВСКИ
Еврејска заедница во Република Македонија

Click