Активности



Среда, 13 февруари 2013 година

Дваесет и четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Дваесет и четврта седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка.

Образложение на Предлог-законот даде претставникот на предлагачот, заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев.

Беше истакнато дека станува збор за мала, но многу битна измена, за заштитното подрачје на изворот Рашче, кој е многу битен за градот Скопје.

Во тоа заштитно подрачје, изминатите дваесет и повеќе години, издадени се неколку концесии. Со предложените измени ќе може да дојде до дислоцирање на концесиите, односно истите ќе бидат надвор од заштитното подрачје на изворот Рашче и со тоа ќе дојде до дефинитивно решавање на овој проблем којшто со години се провлекува.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата за економски прашања го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click