Активности



Вторник, 12 февруари 2013 година

Дваесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 25. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за шумите.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседавачот на Комисијата, г. Малиша Станковиќ, ги извести пратениците дека по овој Предлог-закон, согласно рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство заклучи Предлог-законот за дополнување на Законот за шумите да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click