Активности



Четврток, 18 април 2013 година

Дваесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 27. седница, како матично работно тело, во второ читање, разгледа шест Предлог-закони:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата;
  5. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ловството;
  6. Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, нема поднесено амандмани по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња.

Врз основа на член 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња поднесе шест амандмани и истите ги усвои. По расправата, Комисијата заклучи овој Предлог-закон да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата беа поднесени вкупно три амандмани, кои Комисијата ги усвои и заклучи овој Предлог-закон да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ловството и Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, нема поднесено амандмани.

Комисијата заклучи овие четири Предлог-закони да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click